„Репрезентацијата допрва ќе испишува историја“

Последниот предизвик со кој се соочи машката репрезентацијата беше бараж-двомечот со Фарски Острови во кои благодарение на победата од осум гола во Скопје обезбедивме нов мундијалски настап и со тоа го задржа континуитетот настапи на големите натпреварувања.

Голманот Мартин Томовски верува дека оваа репрезентација допрва ќе нижи успеси.

„Свесен сум дека веќе како клише е станато ова – потребно е време, но навистина е така. Од Швајцарија наваму некако работите си доаѓаат на место. Претходно имавме поддршка од постарите, поискусните и тие ни беа како бекап, сега конечно таа транзиција, промена на генерација е завршена и полека секој од нас си го наоѓа своето место во тимот. Имаме одлична енергија, одлична атмосфера и навистина мислам дека сме на прав пат. Изборивме учество на СП, во ноември не очекува старт на нов циклус квалификации за ЕП, во кој мислам дека дефинитивно имаме шанса да држиме темпо. Со максимално залагање и работа верувам дека ќе играме и на следното ЕП“, потенцира Томовски и додава: „Сите имаме иста енергија и ист однос, долги години се знаеме и драго ми е што се споивме и во репрезентација. Реков секој си го најде своето место и навистина се надевам и верувам дека допрва ќе испишуваме историја заедно. Поврзани сме не само како соиграчи, туку веќе и семејно сме испреплетени, кумски поврзани, како едно големо семејство.“

Викенд-интерјуто со репрезентативецот прочитајте го подолу.

ИНТЕРВЈУ МАРТИН ТОМОВСКИ: Пораснав во Металург и Вардар, време е за интернационален пробив!