Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе имаат голем предизвик претстојното лето на Азискиот континент.
Тие се делегирани од страна на Светската ракометна федерација да судат на Светското првенство за кадетки во Кина.
Кадетскиот Мундијал ќе се одржи од 14 до 25 август, а Металари и Николовски се меѓу 16 делегирани судиски двојки.
Покрај Металари и Николовски, РФМ ќе има претставници и на младинското Светското првенство во Македонија, каде ќе судат Божиновски и Начевски.