Голманката на Вардар, Андреа Илиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 23. коло во Женската лига.
Илиќ повторно имаше одлично издание и со 15 одбранети удари беше најзаслужна за убедливиот триумф во дерби дуелот против Металург Автокоманда.
Вардарката немаше голема конкуренција на гласањето, доби околу 73% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Рона Мифари од Чаир со 17%.
Во конкуренција за ѕвезда на 23. коло беше и ракометарката на Деспина, Ангела Камческа.