🎥 ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ… Репрезентативката која „порасна“ во успешен тренер, координатор и „флор менаџер“

Младинскиот погон на ЖРК Вардар имаше одлична сезона која ја заврши како шампион во кај кадетките и младинките. За ваквиот клупски успех честитките одат на сметка на ракометарките, но и за стручниот штаб, во чии редови е и поранешната репрезентативка и интернационалка Марија Папуџиева. Популарна како Маја, Папуџиева по пауза од неполна година (поради мајчинство) на полусезона се врати на тренерските обврски и тоа веднаш е крунисано со успех.

Во времето кога РК и ЖРК Вардар „жареа и палеа“ во Европа, Папуџиева беше „девојката покрај теренот“ односно имаше функција на „флор менаџер“ и беше една од главните алки во администрацијата на клубот. (Оваа функција се уште ја има и денеска во РК Вардар). Паралелно беше и координатор на вардаровата Академија.

За себе ќе каже дека била ракометарка која играла секаде во Македонија, а интернационалната кариера ја гради во Грција, Норвешка и Турција. Таа е дел од првата женска младинска репрезентација која настапила на едно големо натпреварување, СП 1995 во Бразил. Подоцна со сениорскиот тим го одржува континуитетот настапи на ЕП и СП, а нејзината кариера завршува по Европското првенство 2012 во Србија.

За играчките и тренерски предизвици, состојбата во женскиот ракомет денеска, мајчинството и балансирањето на обврските, како и тоа дали во иднина повеќе се гледа во тренерски води или како ’главен и одговорен’ човек за организација на натпревари читајте во интервјуто со 24Ракомет.