Ремили на радарот на Кил

Францускиот репрезентативец Недим Ремили би можел наскоро да ја промени средината и да заигра во Бундес лигата.

Според „UPskill Handball“, Ремили е на радарот на бундеслигашот Кил и би можел да се пресели во Германија во 2025 година.

Од Кил ова лето си оди Едуардо Гурбиндо, но доаѓа Емил Мадсен на десната бековска позиција, а „зебрите“ ги имаат уште Вајнхолд и Рајнкинд.

Францускиот репрезентативец има договор со унгарскиот Веспрем до 2026 година, но Кил веројатно би платил оштета за него ако сака да го има во своите редови.