Охрид слави излез во Европа!

Ракометарите на Охрид се вратија на победничките патеки по поразот во Автокоманда и претходниот од Еурофарм Пелистер, и на домашен терен го совладаа составот на Пролет без поголеми проблеми со 29-22. Со овој триумф беше потврден излезот на европска сцена, бидејќи Охрид сега има 26 бода и го обезбеди најмалку четвртото место во суперлигашкиот плеј-оф.

Гостите парираа до 4-4, потоа домаќинот почна да ја гради предноста и се одлепи на плус четири, 10-6, а до крајот на првиот дел со двата гола на капитенот Тасески, Охрид се одлепи на шест гола предност, 16-10.

Домашните зголемија на 17-10 на стартот на вториот дел, но упорниот Пролет со серија од четири погодоци се врати на минус три, 17-14. Домашниот стратег Алушовски повика минута одмор, но гостите продолжија со добрата игра и намалија на 22-20.

Немаа сили за комплетен камбек во натпреварот и Охрид искористи неколку грешки на гостите за одново плус шест, 26-20, па завршницата беше само рутинска за три бода и заверено место во Европа.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Гал Цирар и Теимураз Орјоникидзе со седум, односно шест погодоци, додека во составот на Пролет четворица ракометари имаа по четири гола – Андоновски, Стојановски, Палевски и Арсеновски.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140