🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ… Грузиецот чија интернационална кариера започна од Македонија

Грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе по пауза од пет години на почетокот на оваа сезона се врати во македонската суперлига, во редовите на ГРК Охрид. Левиот бек својата интернационална кариера ја започна во Македонија, на 18 години, носејќи го дресот на Прилеп (две сезони), а потоа една година беше дел и од Пелистер пред да тргне да ја освојува Европа.

Популарниот Темо игра одлична сезона покрај езерото, Охрид веќе ја исполни целта за следната сезона – излез во Европа, и е презадоволен од повторната соработка со тренерот Стевче Алушовски, што е и една од најголемите причини, прво за неговото враќање во Македонија, и второ, за продолжување на договорот со охридскиот суперлигаш најмалку до јуни 2025 година. Истовремено со националниот тим на Грузија, бекот за првпат играше на едно големо натпрреварување – Европското првенство во Германија, каде ја носеше и капитенската лента.

Покрај квалитетниот период на професионален план, Орјоникидзе стана и татко, улога која дополнително го мотивира и инспирира.

Ракометната приказна на Грузиецот ќе може да ја причитате во викенд-интервјуто со 24Ракомет.