Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 21. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 21. коло има по една ракометарка од Чаир, Ѓорче Петров и Металург Автокоманда
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Женска лига, 21 коло, резултати:
Чаир – Куманово 30:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Скопје 53:16 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Овче Поле СУ 27:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Гевгелија 52:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Шампион 45:19 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Астибо 34:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Вардар 24:32 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 21. КОЛО
Сара Миновска (Металург Автокоманда) – Левото крило на натпреварот против Шампион беше прв стрелец со 11 постигнати погодоци, сите од игра.
Магдалена Којовиќ (Чаир) – Голманката од Црна Гора на дерби дуелот со Куманово беше меѓу најзаслужните за остварената победа и фати неколку клучни топки во последните минути.
Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Битолчанката повторно беше шутерски расположена, на натпреварот против Скопје 12 пати се запиша во листата на стрелци.