Анчева не можеше сама, Стружанка лесно против Астибо

Тимот на Стружанка во натпревар од 21. коло од Женската лига на свој терен славеше убедлива победа над Астибо со 34:22.

За Стружанка денешниот триумф беше 11-ти во тековната сезона и со новите три бодови ја сочува 6. позиција на табелата.

Избраничките на Ферукоски многу лесно дојдоа до победа, уште од стартот ги освоија посакуваните три бодови и беа подобри во секој сегмент од играта.

Домашниот тим на пауза имаше 18:7 и во вториот дел не му остави на гостинот од Штип премногу простор за напредок во играта.

Најефикасна во победничката екипа беше Мендувие Далипоска со шест погодоци, по пет постигнаа Теодора Маркоска и Ивана Затуроска.

Во поразениот табор, стандардно, стрелците ги предводеше Марија Анчева, која постигна дури 13 погодоци.

Стружанка во следното, 22. коло ќе гостува во Скопје кај Вардар, додека Астибо на свој терен ќе го пречека Металург Автокоманда.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР22006
2АСТИБО22006
3СКОПЈЕ32016
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ20020
5СТРУЖАНКА30030