Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 11 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Вардар и по еден од „сино-белите“ од Автокоманда, Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2 и Вардар Неготино.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 11. коло, резултати:
Плеј-оф
СТРУГА – ВАРДАР 15-36 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 27-36 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 28-23 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ОХРИД 42-31 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
АЕРОДРОМ – ПРИЛЕП 0-10 служ.
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – МУЛТИ ЕСЕНС 30-21 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ГОЛДЕН АРТ 25-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ 34-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Благојче Трајкоски (Алкалоид) – Чуварот на мрежата бранеше одлично и со 12 одбрани беше меѓу најдобрите против Охрид.
Лево крило: Марио Стојановски (Вардар) – Младинскиот репрезентативец беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф кај Струга.
Лев бек: Алем Хаџиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Босанскиот интернационалец со десет гола го потопи Мулти Есенс.
Среден бек: Петар Бугариновиќ (Вардар Неготино) – Србинот постигна осум погодоци против составот на Скопје.
Десен бек: Срѓан Мијатовиќ (Тиквеш) – Иако по природа е лев и среден бек, српскиот интернационалец покажа дека може и како десен бек и даде десет гола.
Десно крило: Ален Ќосевски (Вардар) – Десното крило беше меѓу најдобрите стрелци против Струга.
Пивот: Денис Василев (Еурофарм Пелистер) – Рускиот кружен напаѓач беше меѓу најдобрите во триумфот над Пролет.