Еурофарм Пелистер 2 го прати Мулти Есенс таму од каде што дојде – во Прва лига

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 славеа против тимот на Мулти Есенс, кој по само една сезона ќе се врати таму од каде што дојде, во Првата лига. Битолчани победија со 30-21.

Домаќинот отвори со водство од 4-0 и понатаму се беше полесно. Ја одржуваа разликата од четири погодоци избраниците на Михаил Петровски, иако гостите имаа шанси во два наврати на ја преполовата негативата.

Тоа им успеа од трет обид преку Димевски во 24. минута, но потоа згрешија на два пати, Еурофарм Пелистер 2 казни – еднаш од пенал преку Хаџиќ, еднаш од игра преку Ивановски и пак беше плус четири, 12-8.

Во финишот на полувремето Белистојаноски и Хаџиќ донесоа највисоки плус шест за Еурофарм Пелистер 2, 15-9, но со погодокот на Илиески од пенал, гостите намалија на минус пет на паузата.

Второто полувреме беше повеќе или помалку само формалност за домашната екипа, која со овие три бода е само на чекор до обезбедување на опстанок во елитното друштво.

Алем Хаџиќ даде десет гола за Еурофарм Пелистер 2, додека по четири пати погодија Талевски и Мијушковиќ. Во гостинскиот тим се истакна Давид Димевски со шест погодоци.

Битолчани сега имаат 27 бода исто колку и Прилеп на првата позиција на табелата. Тимот од Автокоманда и не може да се надева веќе на опстанок во елитата. Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 ќе му гостува на Скопје, додека Мулти Есенс ќе биде слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО13101232
2ПРИЛЕП1291230
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142