Во Автокоманда „паднаа“ 73 гола

Охрид заостана од трката за едно од првите три места на табелата, бидејќи во дербито во Скопје, ќе успеа да освои бодови во Автокоманда. Домашниот тим и повеќе од лесно славеше со 42-31 (22-14) и држи чекор со Вардар и со Еурофарм Пелистер, кои остануваат н апрвите три места на табелата. Охрид веројатно ќе го задржи четвртото место и ќе обезбеди и место во европските купови.

„Сините“ од Автокоманда тргнаа со водство од самиот почеток, и израмнето се играше до седмата минута кога Бинго првпат зголеми на 6-4. Се држаше донекаде Охрид, ама само до 12 минута кога Мартин Димовски зголеми на 11-8. До 18 минута домашните веќе имаа водство од 14-9, а Благојче Трајковски имаше седум одбрани, и тие беа клучни за водството на неговиот тим. Продолжи Трајковски со добрите одбрани и во вториот дел, кога домашните само ја одржуваа разликата, но не дозволи таа да се стопи. Средбата ја заврши со 11 одбрани.

Потоа разликата се направи само благодарение на грешките на Охрид, што вицепрвакот знаеше да ги казни и да реализира. Мораше Стефче Алушовски двапати да бара тајмаут за да подели совет и да се обиде да ги „размрда“ своите играчи. Но, од 18-12 кога беше побаран вториот тајмаут, па до крај на полувремето домашните зголемија на највисоките дотогаш, 22-14. Тоа беше знак дека победникот е решен, иако имаше да се играат уште 30 минути.

Второто полувреме беше само формалност. Охрид с еобидуваше да ја намали предност, а домашните да го задржат водството, па и да го зголемат. Во средината на вториот ден, Марко Митев првпат погоди за „плус 10“ (29-19), решавајќи ги сите дилеми. Се потоа беше само рутина, и се чекаше крајот на средбата.

Во следното коло, во четврток сините од Автокоманда гостуваат кај Вардар во „Јане Сандански“, а Охрид е домаќин на Пролет.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120