Со вчерашната ждрепка во Купот на Македонија беа одредени полуфиналните парови за завршните турнир во двете конкуренции.
Кај дамите, актуелниот бранител на трофејот Куманово ќе се сретне со Ѓорче Петров, додека Чаир ќе игра против Вардар.
Кај мажите, Вардар кој го брани трофејот освоен лани ќе игра против „сино-белите“ од Автокоманда, додека Еурофарм Пелистер ќе се соочи со Тиквеш.
Сите шест натпревари од Купот на Македонија ќе се играат од 17 до 19 мај во СЦ „Борис Трајковски“, а веќе е познат и распоредот.
Куп на Македонија, жени/мажи, распоред на натпревари:
17 мај
17:00, Вардар – Чаир, жени, полуфинале
19:30, Тиквеш – Еурофарм Пелистер, мажи, полуфинале
18 мај
17:00, Куманово – Ѓорче Петров, жени, полуфинале
19:30, Алкалоид – Вардар, мажи, полуфинале
19 мај
16:00, жени, финале
19:00, мажи, финале