Хрвтскиот ракометен сојуз донесе одлука за случувањата за време на натпреварот меѓу Нексе Нашице и Загреб од 5 коло во плеј-офот.
Натпреварот беше прекинат пред крајот на полувремето, а она што беше досега познато е дека Загреб доби службена победа со 10-0, додека Нексе беше казнет со минус еден бод.
Марко Безјак, кој го оттурна делегатот, доби суспензија од една година од ракометните терени, и многу веројатно за него завршува ангажманот во Нексе.
Тренерот што се раздели со Нексе, Веселин Вујовиќ, е казнет со суспензија од три месеци, но тој и онака нема да го води тимот од Нашице во продолжение од сезоната.
Андраж Велкаврх доби помала казна од четири натпревари суспензија, а толку остануваат до крајот на сезоната, па и за него е завршено играњето.
Нексе мора да плати и парична казна од 4.000 евра, а по сензационалното реми со Пореч, може да остане и без второто место на табелата во плеј-офот, па да разигрува само за третото место, а во битка за титула со Загреб да оди Сесвете.
Нексе загуби службено, постапки против Безјак, Вујовиќ и Велкаврх, сега и второто место е далечно…