Машкиот тим на Ѓер, кој ќе влезе во најсилната конкуренција во Унгарија од следната сезона, има аспирации да направи голем успех.
За остварување на целта, управата на клубот најпрво го ангажираше средниот бек Дејан Бобач, кој во актуелниот прволигаш ќе пристигне од ПИК Сегед.
Словенечкиот плејмејкер во Ѓер ќе остане најмалку до 2027 година, бидејќи со амбициозниот тим потпиша договор на три сезони.
Потписот на Бомбач треба да привлече и други големи имиња да дојдат во овој клуб, а низ ракометните кулоари се зборува дека на Ѓер ќе му се приклучат двајца искусни играчи.
Станува збор за репрезентативците на Унгарија, левиот бек Ричард Бодо и десниот бек Жолт Балог, кои се блиску до договор со амбициозниот проект во најава.
Бодо, исто како и Бомбач, моментално го носи дресот на ПИК Сегед, додека Балог настапува за Ференцварош.
За Бодо постои интерес и од Ференцварош, но најверојатно 31-годишниот ракометар ќе заврши во таборот на Ѓер.