Трансфер бомбата што пред неколку дена ја најави 24Ракомет, денеска доби официјализација во Унгарија.
Словенечкиот плејмејкер Дејан Бомбач во следните три сезони, односно до 2027 година ќе настапува за амбициозниот второлигаш Ѓер.
Тој е првото засилување за новиот проект во Унгарија, кој многу веројатно во следните сезони ќе им се приклучи во врвот на Веспрем и ПИК Сегед.
Во новата сезона Ѓер се враќа во елитната конкуренција по долго време, а Бомбач е првото име што треба да привлече и други големи имиња да дојдат во овој клуб.
35-годишниот Словенец во два наврати играше за ПИК Сегед, претходно беше дел од Копер, Келце, Динамо Минск и Екс Ан Прованс.
Ференцварош ќе им ги мати сметките на големите, Ѓер го бара Бомбач!