Женската младинска репрезентација на Македонија утре ќе ги дознае, односно избере ривалите на Светското првенство што во јуни ќе се игра во Скопје.
На Мундијалот ќе учествуваат 32 селекции поделени во осум групи, а Македонија ќе биде дел од вториот шешир пред ждрепката.
Селекторот Дарко Јанев и неговиот стручен штаб ќе ја имаат можноста да ја изберат групата, откако најпрво ќе бидат влечени селекциите од четвртиот, третиот и првиот шешир.
Откако Македонија ќе ја избере групата, тогаш ќе бидат влечени и преостанатите селекции од вториот шешир. Македонија нема да игра против Кореја, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Германија, Чешка и Египет.
Светското првенство ќе се игра во двете сали во СЦ „Јане Сандански“, како и во СЦ „Борис Трајковски“ од 19 до 30 јуни.
На СП ќе играат 15 европски селекции, шест од Азија, пет од Африка, три од Средна и Јужна Америка, две од Северна Америка и Кариби, додека се уште е отворено едно место за Океанија, бидејќи Нов Зеланд го нема потврдено учеството.
СП младинки 2024, шешири:
шешир 1: Унгарија, Данска, Романија, Португалија, Шведска, Ангола, Франција, Швајцарија
шешир 2: Македонија, Кореја, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Германија, Чешка, Египет
шешир 3: Гвинеја, Исланд, Шпанија, Кина, Аргентина, Тунис, Бразил, Јапоанија
шешир 4: Чиле, Кинески Тајпеј, Иран, Мексико, САД, Алжир, Узбекистан, Нов Зелан