Двајцата македонски интернационалци кои настапуваат во Чешка, Никола Костески и Дејан Кукуловски, имаа победнички ден.
Во полуфиналната серија од плеј-офот, Плзен на Костески поведе со 1-0 против Копривнице, откако славеше со 40-26.
Зад иметo на десното крило беа запишани пет погодоци и три украдени топки, а следниот меч од серијата се игра на 13 април.
Брно на Кукуловски во разигрувањето за пласман од 5 до 8 место во Чешка, го победи Жубри со 39-25, а Македонецот даде осум погодоци.