Карбеска и Илиева ќе му судат на европскиот шампион

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за последните натпревари од квалификациите за ЕП 2024 и од ЕХФ Евро Купот.

Македонската двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева добија делегирање за последниот натпревар од ЕХФ Евро Купот.

Тие ќе патуваат во Цирих, Швајцарија, каде ќе го судат натпреварот против европскиот првак Норвешка.

Овој натпревар се игра на 6 април в сабота со почеток во 15:00 часот во „Саалспортхале“.

Норвежанките досега имаат пет победи на пет натпревари во Евро Купот и ќе го освојат трофејот во конкуренција на Австрија, Швајцарија и Унгарија.