Екипите на Динамо Букурешт, Фуксе Берлин и Рајн Некар се последните патници во четвртфиналето од Лигата а Европа.
Нексе предводен од Веселин Вујовиќ не успеа да направи изненадување, во осминафиналето на двапати беше совладан од Рајн Некар.
На првиот дуел одигран во Нашице „лавовите“ победија со 24:19, додека на денешниот натпревар со два гола разлика, 31:29.
Единствен тим кој што изненади во осминафиналето беше Савехоф, кој на реванш дуелот со Хановер триумфираше со 34:25.
Претходно, директен пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Нант, Фленсбург, Скјерн и Спортинг Лисабон.
Сензација во ЛЕ: Савехоф го шокираше Хановер, бундеслигашот остана без четвртфинале!