Сензација во ЛЕ: Савехоф го шокираше Хановер, бундеслигашот остана без четвртфинале!

Екипата на Савехоф од Шведска успеа да избори пласман во четвртфиналето од Лигата на Европа, откако на свој терен успеа да го елиминира Хановер.

Иако Хановер на првиот осминафинален дуел славеше со четири гола разлика, 34:30, сепак, шведскиот тим на реваншот се надмина себеси, ја анулираше негативата и триумфираше со 34:25 (18:14).

Со оглед на буџетот, но и на ростерот на двете екипи, бундеслигашот беше голем фаворит на овој осминафинален двобој, па дури и меѓу фаворитите за освојување на титулата.

Савехоф уште еднаш покажа дека на реванш дуелите сѐ е можно и заслужено се пласира меѓу најдобрите осум екипите во Лигата на Европа.

Директен пласман во четвртфиналето од второто по ранг европско клупско натпреварување имаат обезбедено екипите на Фленсбург, Нант, Спортинг и Скјерн.