Женската сениорска репрезентација на Македонија утре ќе го одигра претпоследниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2024.
Претпоследен ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде репрезентацијата на Азербејџан, која во претходното коло ја изненади Литванија.
Најискусната во редовите на Македонија, Елена Ѓорѓиевска, ги истакна своите очекувања за дуелот со Азербејџан.
,,Девојките се супер, во Баку ќе бидеме комплетени, таму ќе ни се придружи и Сара Ристовска, имаме многу кратко време, атмосферата е одлична, девојките се супер расположени за овој важен натпревар и конечно да се направи тој пласман на Европските првенства, односно да се избориме како што треба и доликува, ова е една голема шанса и сите ја чекаат шансата. Не треба да ги потцениме Азербејџан, направија едно изненадување против Литванија. Ние она што треба да го направиме е да го дадеме нашиот максимум, да дадеме 200% и секоја ракометарка да ја испочитува задачата од селекторот. Има многу млади и талентирани ракометарки кои за некоја година ќе бидат на едно повисоко ниво и се надевам дека уште од среда ќе се радуваме и во Скопје ќе го прославиме пласманот на ЕП”, изјави Ѓорѓиевска.
Натпреварот меѓу Азербејџан и Македонија е закажан со почеток од 15:00 часот во Баку.
Избраничките на Кристијан Грчевски со дуел против Литванија во Скопје ќе го затворат квалификацискиот циклус за континенталниот собир.
Мицевска: Се надевам дека ќе ја израдуваме македонската јавност