Тренерот во женската репрезентација, Едуарда Аморим Талеска може многу често да се види на трибините како следи натпревари од домашното првенство во женската лига.
Таа од неодамна влезе и во менаџерски води, но потенцира дека следењето на натпревари го прави за репрезентацијата, а не за нејзината менаџерска агенција.
„Како менаџер не сакам да имам играчи од репрезентација, мислам дека тоа треба да биде посебна работа. Натпреварите ги следам само за репрезентација и тоа не само во Македонија, туку и надвор, затоа што тоа е моја работа, како втор тренер. Морам да ги следам девојките, нивните настапи, да знам која како игра, во каква форма е, за кога ќе се прави составот – кој да викнеме – кој не, да можам да му помогнам на селекторот во изборот. Во мојата кариера сменив три менаџери – од Скандинавија, еден кој работеше во Унгарија и еден во Русија – тоа беше добро искуство за мене. Во последните години како играч почнав да учам и како одат тие работи. Агентот е многу важна алка во кариерата на еден играч, а јас имав среќа и со нив. Агентот треба да знае кое место ќе биде добро за тебе и изборот на клуб ти дава добра можност да растеш и да се развиваш како играч. Како менаџер во моментов имам профил на играчи од Бразил, Аргентина, Португалија, Унгарија и Црна Гора. Отворена сум за соработка, секако пазарот во Европа е поголем и ќе видам на кој ќе можам да му помогнам.“
Во продолжение прочитајте го интервјуто за 24Ракомет…
ИНТЕРВЈУ ЕДУАРДА АМОРИМ ТАЛЕСКА: Не треба само да бидеме репрезентација, треба да знаеме што сакаме!