Бразилската репрезентативка, која е македонска снаа – Едуарда Аморим Талеска, е свесна дека трансферот во Кометал Ѓорче Петров и направи комплетна пресвртница во животот.
Не само што и направи пресвртница на професионален план, туку и на приватен, бидејќи во Македонија ја најде љубовта на својот живот. Таа открива дека пред да дојде овде морала на мапа да ја бара нашата држава.
„Има многу разлика од ракометот во Бразил и оној кој се игра во Европа. Сега кога ќе дојде некој Бразилка во Скопје потребно и е време за да се адаптира. Јас во тоа време го имав Портној, на кој многу му се допаѓаше мојот начин на игра. Веруваше во моите квалитети и ми даваше мотивација. Не слобода, зошто тој знаеше што точно сака со тактиката, но ми даваше на самодоверба. Тешко ми беше да се адаптирам. Од Бразил каде тренирав еднаш на ден, тука се работеше многу сериозно, во подготвителен период понекогаш имавме тренинзи и трипати на ден. Доаѓањето во Кометал беше добар чекор, одличен избор. Потоа Кометал почна да паѓа, но имав и среќа што игравме во Лигата на шампионите. Тогаш игравме против Ѓер, играв и со репрезентација на Олимпијада против Унгарија, бев во добра форма и можеа да ме видат повеќе скаути и клубови, а со тоа дојдоа и понудите. Тогаш немаше информации како денеска, паметам морав на мапа да ги барам Скопје и Македонија. Но одбрав добро и имав среќа.“
Саботното интервју со Едуарда Аморим може да го прочитате во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ЕДУАРДА АМОРИМ ТАЛЕСКА: Не треба само да бидеме репрезентација, треба да знаеме што сакаме!