Минатиот викенд низ повеќе држави низ Европа се играа финални натпревари во националните Куп натпреварувања.
Тимот на Ференцварош предводен од екс вардарките Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ славеше во финалето против Ѓер со 25-23 и третпат по ред освојува трофеи во Купот.
Во Словачка се играше финалето на машкиот Куп, каде Татран Прешов без проблеми ја победи Братислава со 24-19.
Во Германија, во женското Куп финале, тимот на Мецинген го победи Битигхајм со 30-28 и за првпат во историјата освои трофеј.
Во Шведска кај мажите, тимот на Иштад, каде што игра ветеранот Ким Андерсон беше подобар од Хамабри со 33-32, додека кај дамите Савехоф беше подобар од Хор со 33-26 и го освои трофејот.
На Исланд голема радост имаше во семејството на Валур, бидејќи и машкиот и женскиот клуб освоија трофеи во Купот.