Битолчанки победнички се враќаат од Скопје

Ракометарките на Пелистер се израдуваа на првата победа во вториот дел од сезоната во Женската лига, откако на гостувањето во Скопје кај истоимената екипа триумфираа со 29:27.

Битолчанки со денешните освоени бодови влегоа во игра за 6. позиција на табелата, позиција на која моментално се наоѓа тимот на Стружанка со 22 бодови.

Избраничките на Адријано Котевски иако на полувреме имаа позитива од 18:13, составот предводен од Будимир и Радуловиќ се закани во вториот дел и во три наврати губеше со еден гол разлика.

Сепак, гостинките беа повеќе пофокусирани во последните пет минути, во кои домаќинките не ја искористија во целост ситуацијата со играч повеќе, дозволија Пелистер да се одлепи на три разлика и до крајот немаа многу време за да се изборат за евентуално реми.

Најефикасна на теренот беше ракометарката на Пелистер, Моника Босилковска, која во мрежата на домашниот тим постигна 12 погодоци, четири од нив беа од пенал.

Листата на стрелци во поразениот табор беше предводена од Стефани Ристиќ со шест погодоци, по четири постигнаа Нина Неделковска и Јана Равојска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080