Ракометарите на Младост Богданци во натпревар од 2. коло од прволигашкиот плеј-оф беа поразени на гостувањето во Автокоманда кај Металург РА.
Младост Богданци загуби со 30:26, но од поразениот табор преку социјалните мрежи побараа преигрување на натпреварот.
Според соопштението на клубот од Богданци, на одиграниот дуел во Автокоманда имало дури 29 спорни ситуации и ги обвини арбитрите за поразот.
Судии на овој натпревар беа Ѓорѓи Василевски и Баже Михајлов.
,,Се крои ли првенството унапред за некој на крај да заврши прво место со директен влез во Супер лигата ке се покаже за многу кратко.РК Младост 1977 нема да дозволи некој да си поигрува со нашата судбина, затоа поднесе жалба и ќе бара прегледување на натпреварот од страна на комисијата во РФМ на спорните 29 моменти и со допис ќе бара преигрување на натпреварот, а на ваквите скандалозжни судиски одлуки да се стави крај. Во спротивно доколку не се предигра натпреварот РК Младост 1977 ќе истапи од лигата и нема да го продолжи првенството на овој начин со вакви судиски одлуки кои нема да дозволиме да ни ја кројат нашата судбина и на самата лига. РК Младост 1977 не бара помош на натпреварите од судии бара рамо рамноправен третман, фер судење и нека победи подобриот”, стои во дел од соопштението на Младост Богданци.
Металург РА го запиша првиот триумф во прволигашкиот плеј-оф