Тоа што го најави 24Ракомет уште за време на ЕП 2022 година што се одржуваше во Македонија, денеска доби своја официјализација – Армел Атингре е нова репрезентативка на Црна Гора.
Голманката на Будуќност, го доби црногорскиот пасош и без проблем ќе може да дебитира за националниот тим на натпреварите против Србија од квалификациите за ЕП 2024 година.
Атингре ќе биде од голема помош за селекторката Бојана Поповиќ, особено откако Марта Батиновиќ доживеа тешка повреда на СП 2023, па ќе ги пропушти и олимписките квалификации.
Таа е родена во Брегот на Слоновата Коска, а пред да се пресели во Црна Гора, настапуваше за Флери Луар, Иси Париз, Нант и Јенимал.
Последен пат го носеше дресот на Франција во 2014 година на Европското првенство и тој услов од три години пауза од претходниот национален дрес е исполнет.
Атингре ќе брани заедно со Марина Рајчиќ, а Црна Гора по двете стартни победи во квалификациите за ЕП 2024 година против Бугарија и Турција, сега ќе има тежок испит и двомеч со Србија.