Прволигашот Македонија ЃП пред почетокот на плеј-оф фазата донесе ново име во своите редови.
Нов ракометар меѓу „лавовите” е младиот Никола Иванов, кој во првиот дел од тековната сезона го носеше дресот на Аеродром.
Иванов настапува на позицијата лев и среден бек, но со своите квалитети кои ги има може да одигра и како лево крило.
Македонија ЃП претходно се засили со Мартин Бучуковски, исто така ракометар од Аеродром, па тренерот Дејан Коцев ќе има поголема ротација за разлика од есенскиот дел.
Ракометарите на Македонија ЃП за ривали во прволигашкиот плеј-оф ги имаат екипите на Бисинов, Младост, Драчево, Радовиш, Јехона, Металург РА и Шампион.
Прв предизвик за Македонија ЃП ќе биде екипата на Јехона, потоа следуваат дуелите со Шампион, Бисинов, Радовиш…