Екипата на Македонија ЃП за вториот дел од сезоната го ангажираше довчерашниот ракометар на Аеродром, Мартин Бучковски.
Прволигашот со доаѓањето на Бучковски ќе добие на квалитет, бидејќи станува збор за ракометар кој може да игра како среден бек и лево крило.
Бучковски во Аеродром имаше солидни партии и сигурно неговото стекнато суперлигашко искуство ќе биде од голема корист за тимот на Македонија ЃП.
Во првиот дел од сезоната Македонија ЃП заврши на 4. позиција во својата група и избори пласман во прволигашкиот плеј-оф.
Ракометарите на Македонија ЃП за ривали во плеј-оф фазата ги имаат екипите на Бисинов, Младост, Драчево, Радовиш, Јехона, Металург РА и Шампион.