Малер до малер за српскиот шампион Војводина пред стартот на главната рунда во Лигата на Европа и мечот со Кадетен Шафхаузен.
Откако Војводина остана без Милиќ на подолго време, па повредата со Додиќ, стратегот Борис Ројевиќ остана и без десното крило Вукашин Воркапиќ.
„Бев на прегледи, станува збор за скршеница на лактот на шутерската рака. Ќе морам да носам две недели со лонгета, по десет дена треба да одам на контрола и за месец и половина да бидам повторно на теренот“, вели Воркапиќ за „Журнал“.
Покрај Воркапиќ, Додиќ и Милиќ, надвор од комбинација на подолго време се Тунижанецот Мохамед Азиз Абди и дефанзивецот Милан Вуковљак.