Вицепрвакот со победа над Пролет го започна плеј-офот

Вицепрвакот од Автокоманда победнички го започна настапот во плеј-оф фазата од суперлигашката конкуренција, откако славеше на гостувањето кај Пролет со 22:17.

Тимот на Кире Лазаров иако во поголемиот дел од првата половина од првиот дел губеше со три гола разлика, сепак, по негативата од 9:6 направи серија од 8:0 и веќе во тој момент ја обезбеди победата.

Избраниците на Јовиќ мотивирано влегоа на натпреварот и имаа посакуван старт. Со добра одбрана и трпеливост во нападите, домаќините поведоа со 5:2 и резултатската предност од плус три беше поставена во уште три наврати од натпреварот (6:3, 8:5, 9:6). По одличната игра на Пролет, следуваше пад на концентрацијата во одбрана кај домашниот табор и тоа беше причина тимот на Лазаров да направи пресврт.

Гостите со погодоците на Велковски и Џонов најпрво израмнија на 9:9 во 20 минута, потоа при финишот на првото полувреме поведоа со 10:9. Пролет во последните десет минути имаше „црна дупка“ и никако не можеше да го совлада расположениот Галевски, кој беше меѓу најзаслужните за пресвртот на неговиот тим.

Серијата на вицепрвакот продолжи на почетокот на вториот дел, реализираше Велковски за 11:9. Црвен картон во 32 минута заработи Едвин Омерагиќ поради три исклучувања, па така Лазаров остана без еден од најдобрите одбрамбени играчи.  Сепак, тоа не претставуваше проблем за вицепрвакот да дојде до пет гола разлика во 35 минута, 14:9.

Домаќините дури во 38 минута ја прекинаа серијата од 8:0 на гостите, намалија на 14:10, но до крајот вицепрвкаот имаше се во свои раце, не дозволи ни најмал напредок во играта на ривалот и со победа го започна настапот во плеј-оф фазата.

Најефикасен во победничката екипа со пет погодоци беше Мартин Серафимов, кај домаќините листата на стрелци беше предводена од Ласко Андоновски и Давор Палевски, кои постигнаа по четири погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140