Денеска во Македонија со натпреварот меѓу Пролет и вицепрвакот од Автокоманда ќе започне плеј-оф фазата во суперлигашката конкуренција.
Во плеј-офот ќе учествуваат осум екипи, поголемиот дел од нив осетно се засилија и сигурно уште во првото коло ќе има многу возбудувања.
На денешната програма ќе се одиграат сите четири натпревари од првото коло од плеј-офот, ќе има и два дуели од борбата за опстанок во елитата.
Најголемиот фокус на домашната ракометна јавност ќе биде дерби дуелот во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Интересно се очекува да биде и во Скопје, каде освен Пролет и Алкалоид, ќе играат Бутел и Охрид.
Кавадарчани на свој терен ќе ја пречекаат екипата на Струга, но првиот натпревар од плеј-офот ќе го одиграат пред празна сала, поради казната од РФМ.
Еурофарм Пелистер 2 ќе биде гостин на ослабениот Аеродром, кој речиси остана без цела прва постава од есенскиот дел.
Прилепчани во првото коло од плеј-аут фазата силите ќе ги одмерат со екипата на Скопје.
Распоред на денешните натпревари, плеј-оф:
16:00, Пролет – Алкалоид
17:00, Тиквеш – Струга
18:00, Бутел Скопје – Охрид
18:00, Еурофарм Пелистер – Вардар
Распоред на денешните натпревари, плеј-аут:
14:00, Аеродром – Еурофарм Пелистер 2
18:30, Прилеп – Скопје