Денеска со натпреварот меѓу Голден Арт и Мулти Есенс ќе започне вториот дел од натпреварувачката сезона 2023/24 во суперлигашката конкуренција.
Двете екипи се дел од плеј-аут групата и ќе се борат да го сочуваат суперлигашкиот статус за следната сезона.
Ракометарите на Голден Арт битката за опстанок ќе ја стартуваат со три бода, додека дебитантот од Автокоманда успеа да пренесе само бод.
Поголемиот дел од натпреварите ќе се одиграат во утрешниот ден, во кој најголемиот фокус ќе биде на дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Натпреварот меѓу Голден Арт и Мулти Есенс ќе се одигра со почеток од 19:00 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 AСТРАХАНОЧКА – КРАСНОДАР (РУСИЈА)
16:00 ЛАДА – РОСТОВ (РУСИЈА)
17:00 КОНСТАНЦА – ВАСЛИУ (РОМАНИЈА)
18:00 ЦЕЛЈЕ – ГОРИЦА (СЛОВЕНИЈА)
18:00 ГОРЕЊЕ – ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
18:30 ВАЛУР – ИБВ (ИСЛАНД)
19:00 ХЕЛСИНГБОРГ – СКАНЕЛА (ШВЕДСКА)
19:00 ГОЛДЕН АРТ – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ГРАЦ – ФЕРЛАХ (АВСТРИЈА)
19:00 ЛОВОСИЦЕ – СТРАКОНИЦЕ (ЧЕШКА)
20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – ДИЖОН (ФРАНЦИЈА)
20:00 ДАНКЕРК – НАНТ (ФРАНЦИЈА)
20:00 МОНПЕЛЈЕ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ПСЖ – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)
20:00 СЕНТ РАФАЕЛ – САРАН (ФРАНЦИЈА)
20:00 ХУЕСКА – ЛА РИОХА (АСОБАЛ)
21:30 БИДАСОА – ТОРЕЛАВЕГА (АСОБАЛ)