По Тони Херона, Чави Пасквал и Горан Перковац, Михаел Сутер е четвртиот селектор што доби отказ по завршувањето на Европското првенство.
Швајцарската федерација не беше задоволна по настапот на ЕП и реши да ја прекине соработката со Сутер пет месеци пред планираното во јуни 2024.
Неговото место ќе го заземе Енди Шмид, кој требаше тоа да го направи во јуни, но тој во меѓувреме исто така реши порано од планираното да ја заврши кариерата и може уште сега да ја почне селекторската позиција.
Швајцарија ја очекува бараж двомеч за СП 2025 година против селекцијата на Словенија, но нејасно е дали Швајцарците ќе бараат преодно решение или Шмид веднаш ќе седне на селекторското место.
Освен поразот од Македонија, Швајцарија загуби убедливо и од Германија, но одигра одличен натпревар против Франција кој заврши реми.