Хрватскиот репрезентативец Лука Ловре Кларица имаше добар настап на Европското првенство во Германија и беше најдобар стрелец на „коцкестите.
22-годишниот ракометар уште во групната фаза на континенталниот собир стана интересен за многу клубови.
Најголем интерес за иднината на хрватскиот ракомет покажал бундеслигашот Ерланген, пренесува реномираниот „Билд“.
Според споменатиот медиум, раководството на Ерланген веќе воспоставил контакт со менаџерот на Кларица за преселба на десниот бек од Загреб во Германија.
Сѐ уште не е познато дали Ерланген го посакува Кларица веднаш, или пак по завршувањето на тековната сезона.
Кларица на седум натпревари на Европското првенство постигна 28 погодоци, додека во првиот дел од Лигата на шампионите, исто така, се покажа во добро светло.