Македонскиот шамио тпион во женска конкуренција, Ѓорче Петров започна чекор по чекор да го гради успехот на европска сцена. Иако моментално најдобриот женски клуб во Македонија две години по ред игра во Европскиот Куп, односно во третото по ранг европско клупско натпреварување, постигнува одлични резултати, со кои си го подобрува својот клупски рејтинг и во иднина би можел да игра во Лигата на Европа или ЛШ.
Ѓорче Петров, кој е наследник на некогашниот шампион на Европа, Кометал ЃП, и го доби спортскиот континуите, во сезона 2021/22 ја освои шампионската титула на домашна сцена и се пријави за учество во европски рамки. Составот предводен од Симе Симовски во сезона 2022/23 започна да „гризе“ во Европа и стигна до осминафиналето во Европскиот Куп.
Ѓорчепетровки камбекот во Европа го започнаа од 268 место и за само една сезона успеаја да направат голем прогрес и моментално се меѓу најдобрите 40 клубови во Европа. Македонскиот шампион пред стартот на оваа сезона, во која „лавиците“ се пласираа во четвртфиналето во Европскиот Куп и ќе се обидат да стигнат до полуфиналето, беше на 75 место.
После одиграните дуели со Тиват, Ојпен и Хазена Кинжварт се зголеми клупскиот рејтинг на Ѓорче Петров и од 75 место се искачи на 38 место, сега на клупската ранг листа има 106 бодови.
Зад Ѓорче Петров има клубови кои годишно располагаат со буџет поголем од два милиони евра, како на пример Дунареа Браила, Глорија Бузау…
Од сегашните учесници во Европскиот Куп, Ѓорче Петров е четврто најдобро рангиран после Рокаса, Михаловце и ривалот во четвртфиналето, тимот на Елче.