Екипата на Охрид покрај ангажман на нови засилувања го продолжи договорот со петмина стандардни играчи, кои се обврзаа на верност кон клубот до 2025, односно 2026 година, со што продолжува градењето на силна екипа која ќе цели високо.
Нови договори потпишаа Милорад Кукоски, Владимир Бојаниќ, Гал Цирар, Иван Тасески и Никола Шипинкоски.
Столбот на одбраната на Охрид, Милорад Кукуски, во тимот на Стевче Алушовски ќе остане најмалку до 2025 година.
Капитенот Тасески заедно со Бојаниќ, Цирар и најголемиот талент и иднина на охридскиот ракомет, Никола Шипинкоски, ја продолжија соработката до 2026, па така Охрид и во иднина ќе има конкурентен тим.
Пред извесен период Охрид се засили со хрватскиот интернационалец Никола Јукиќ, кој во тимот на „гладијаторите“ пристигна од Саудиска Арабија.
Охрид ќе биде посилен и со репрезентативецот на Јапонија, Хироки Мацуока, како и со повремениот репрезентативец на Црна Гора, Адмир Пелидија.