ДЕНЕСКА НА ЕП: Пелистерците со Словенија против Фарски Острови, деби за Грузија

Денес на Европското првенство во Германија продолжуваат натпреварите во рамки од првото коло.

На денешната програма свој настап ќе имаат репрезентациите на Словенија и БиХ, кои на стартот ќе се соочат против Фарски Острови, односно Шведска.

Во репрезентацијата на Словенија ќе настапат двајцата членови на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, голманот Урбан Лесјак и десниот бек Нејц Цехте.

Ракометарот на Охрид, левиот бек Теимураз Орјоникидзе, заедно со Грузија во Манхајм ќе дебитираат на големите натпреварувања.

Грузија на Европското првенство за прв ривал ја има Холандија, потоа следуваат дуелите со Шведска и БиХ.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

ГРУПА Д:
18:00 СЛОВЕНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
20:30 НОРВЕШКА – ПОЛСКА

ГРУПА Е:
18:00 ХОЛАНДИЈА – ГРУЗИЈА
20:30 ШВЕДСКА – БИХ

ГРУПА Ф:
18:00 ПОРТУГАЛИЈА – ГРЦИЈА
20:30 ДАНСКА – ЧЕШКА