Селекторот на Швајцарија, Михаел Сутер, го одреди конечниот список на патници за претстојното ЕП во Германија.
Тој ќе носи 17 ракометари во Диселдорф и Берлин, откако остана без услугите на Јонас Шелкер, кој ги покрива сите бековски позиции.
Членот на Криенс Луцерн ги скина лигаментите на коленото на дуелот со Аргентина од „Жолтиот Куп“ во Винтертур.
Селекторот Сутер нема да повика нов играч и ќе патува утре со 17 ракометари што настапиј на пријателските натпревари.
Швајцарија е најголемата шанса за победа на Македонија на Европското првенство, бидејќи во групата се уште великаните Франција и Германија.