Јагуриновски: Ќе се бориме против сите на ЕП!

Машката репрезентација на Македонија пред настапот на Европското првенство триумфираше на првата од двете контролни средби против Грција со три гола разлика, 33:30.

Македонија иако 20 минути беше во негатива, сепак, со одличната игра во последните десет минути од првиот дел направи пресврт и до крајот имаше активен резултат.

По одиграниот натпревар со јужниот сосед, репрезентативецот на Македонија, Томислав Јагуриновски, истакна дека е задоволен од прикажаното и очекува максимална борба на сите три натпревари на континенталниот собир.

,,Работевме напорно за овој натпревар, тактиката е да се одигра добро првенство, репрезентацијата на Грција е добар ривал, станува збор за одлична репрезентација, против нив игравме тешко на нивен терен, првиот меч заврши нерешено, на вториот триумфиравме. На овој натпревар го одигравме она што го вежбавме во подготвителниот период, генерално, сме задоволни од прикажаното денес. Се разбира дека има позитивна трема за првиот натпревар на ЕП против Франција, ќе ја имаме честа да играме пред 50.000 публика, исто така Франција е една од најдобрите репрезентации, но ние нема да се предадеме, шансата не е само против Швајцарија, ќе се бориме против сите три репрезентации и ќе одиме натпревар по натпревар”, изјави Јагуриновски.

Двете репрезентации утре, со почеток од 18:00 часот, ќе го одиграат вториот контролен натпревар, кој ќе биде од затворен тип.

Македонија првиот меч на ЕП го игра против Франција на 10 јануари од 18:00 часот на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.

📷Грција на колена пред македонските “лавови”!

 

Велковски: Спремни сме за ЕП – борбено ќе го браниме македонскиот дрес

 

Лазаров: Клубовите треба да вложуваат во младите играчи – само така ќе имаме квалитетна репрезентација