Лазаров: Клубовите треба да вложуваат во младите играчи – само така ќе имаме квалитетна репрезентација

Машката репрезентација на Македонија славеше на првата пресметка против јужниот сосед со 33-30 пред заминувањето на ЕП.

Селекторот Кире Лазаров вели дека е делумно задоволен од настапот на неговите избраници, иако во ростерот фалеа пивотите Пешевски и Маркоски.

„Делумно сум задоволен, водевме со шест седум, но не беше лесно. Грција е квалитетна со квалитетен систем. Кај одредени наши играчи имаше импресии бидејќи играа првпат пред голем број гледачи на домашен терен. Меѓутоа можам да бидам задоволен, но можеме уште подобро, но знаете како кога играте пред своја публика, поддршка е добредојдена но притисокот е поголем. Се надевам на утрешниот натпревар ќе бидеме уште подобри. Хендикеп во ротација имавме, ни фалеа Маркоски и Пешевски. Се надевам дека за уште неколку проценти ќе го подигнеме нашето ниво“ вели Лазаров.

Селекторот смета дека македонските клубови треба да добиваат позначајни улоги во клубовите за репрезентацијата да биде уште подобра.

„Знаеме какви ривали не очекуваат на ЕП. Имаме талент, желба и се надевам ќе бидеме се подобри и подобри. РФМ функционира идеално, перфектно, но националните тимови зависат од нашите клубови. Мислам дека лигата е се подобра, но многу повеќе треба да се вложува во клубовите и да им се дава шанса на македонските играчи, а со нив мора да работи квалитетен кадар. Ако ние напредуваме, другите напредуваат дупло. Ние имаме добра лига, апелирам во иднина повеќе внимание да посветуваат на младите макеоднски играчи, само така ќе имаме квалитетен национален тим“, Лазаров.

Македонија првиот меч на ЕП го игра против Франција на 10 јануари од 18:00 часот на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.

📷Грција на колена пред македонските “лавови”!