Ѕирнете како ќе изгледа стадионот во Диселдорф за историскиот меч на Македонија (ВИДЕО)

Машката репрезентација на Македонија на Европското првенство во Германија ќе го има осмото учество на континенталните собири.

Ждрепката на избраниците на Кире Лазаров не им донесе многу среќа, ривали на „црвено-жолтите“ во групната фаза се домашната репрезентација, Франција и Швајцарија.

Ракометната куќа на Германија одлучи да го сруши рекордот по гледаност на еден ракометен натпревар, па така дуелите од првото коло во групата А ќе се играат на  „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.

Организаторите веќе објавија дека ќе биде срушен светскиот рекорд за посетеност на ракометен натпревар и дека повеќе од 50.000 билети се распродадени за првите два меча.

На 10 јануари од 18:00 часот ќе играат Македонија и Франција, потоа од 20:30 часот домаќинот Германија ќе се соочи со Швајцарија.

Досегашниот светски рекорд по посетеност исто така беше достигнат во Германија на мечот од Бундес лигата меѓу Рајн Некар Левен и Хамбург – 44.189 гледачи во 2014 година.