Членот на Бергишер, Лукас Штуцке, искажа големо незадоволство што стручниот штаб на германската репрезентација лично не го известила дека не е вклучен во составот за настап на Европското првенство во јануари.
Левиот бек од социјалните мрежи дознал дека е изоставен од финалниот список за континенталниот собир.
,,Да бидам искрен, преку социјалните мрежи дознав дека не сум повикан во репрезентацијата. Дефинитивно би било убаво селекторот да ми каже зошто и како е донесена оваа одлука“, изјави Штуцке.
25-годишниот ракометар во првиот дел од сезоната во Бундес лигата на 19 одиграни натпревари постигна 51 гол.