Селекторот на Словенија, Урош Зорман, се соочи со првите проблеми на подготовките пред стартот на Европското првенство.
Тој остана без кружниот напаѓач Стефан Жабиќ, кој има повреда на Ахиловата тетива, како и без десното крило Блаж Јанц.
Ракометарот на Барселона има повреда на грбот, па ќе се посвети на рехабилитација и нема да патува во Германија.
Иако отсуството на Јанц е голема загуба, сепак Зорман веројатно нема да повикува нов играч на десната крилна позиција, бидејќи ги има на располагање Гашпер Маргуч и Домен Новак, кој игра во одлична форма во Бундес лигата за Вецлар.
Словенија е во група со Полска, Норвешка и Фарски Острови, и заедно со Норвежаните е фаворит за место во главната рунда.