По Прилеп и Пролет, тимот на Куманово е третиот патник кој си обезбеди пласман во следната рунда од Купот на Македонија.
Куманово за ривал во елиминациското коло го имаше прволигашот Текстилец и сосема очекувано дојде до триумф од 28:21 (12:9).
Победничката екипа беше предводена од Влатко Тасевски со седум и Зоран Ѓурковиќ со пет погодоци.
Во составот од Штип се истакна Дарио Јорданов, кој седум пати стрелаше во домашната мрежа.
Куп на Македонија, елиминации:
Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона 40-17
Куманово – Текстилец 28-21
08/12, 14:00 Астраион – Струга
08/12, 17:30 Голден Арт – Аеродром
08/12, 18:00 Бутел Скопје – Македонија ЃП
08/12, 19:00 Драчево – Алкалоид
08/12, 19:15 Партизан Гевгелија – Тиквеш
09/12, 14:00 Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
09/12, 17:00 Преспа Вардар – Радовиш
09/12, 17:00 Бисинов – Мулти Есенс
09/12, 17:00 Еурофарм Пелистер – Шампион
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје