Женската сениорска репрезентација на Македонија ја доби првата контрола со Велика Британија со убедливи 36-17.
Едуарда Аморим и Ања Алтхаус во отсуство на селекторот Кристијан Грчевски ги проверуваат квалитетите на ракометарките од нашето првенство.
Македонија и Велика Британија ќе одиграат уште еден контролен натпревар, утре во Автокоманда од 12:00 часот и тој ќе биде отворен за јавноста.
Овие две средби се дел од подготовките за продолжението на квалификациите за ЕП 2024, кои продолжуваат во март 2024 со двомеч со Шпанија.