Кузмановски: „Чкембари“ се најдобри во светот, убеден сум дека заедно ќе се радуваме!

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски денеска беше промовиран во дресот на Еурофарм Пелистер.

По четири сезони во Бундес лигата, тој се врати во татковината и одново ќе го облече дресот на матичниот клуб.

„Благодарност до претседателот и клубот што направија се да ме доведат. Мотивиран сум и едвај чекам да заиграм во дресот на мојот клуб. Два дена работам со екипата, ги познавам моите соиграчи, со некои бев соиграч и во Бундеслигата. Знаеме какви навивачи се „Чкембарите“ и какви вљубеници се битолчани, најдобри во светот, и убеден сум дека заедно ќе се радуваме“, изјави Кузмановски.

Кузмановски би требало да биде дел од составот на Еурофарм Пелистер на мечот со ПИК Сегед во Лигата на шампионите.