Десното крило на Рајн Некар Левен и на германската репрезентација, Патрик Грецки, би можел да го препушти претстојното Европско првенство.
34-годишниот капитен на тимот од Манхајм го повреди лигаментот што ги спојува петата и стопалото и навидум лесната повреда, веројатно е посериозна од очекувањата.
Германскиот клуб објави дека Грецки се повредил на пријателскиот меч меѓу Германија и Египет, а иако точната пауза не се знае, најмалку ќе биде надвор од теренот на месец дена.
Грецки играше во одлична форма од стартот на сезоната и во Бундес лигата постигна 46 погодоци.
Германија е ривал на Македонија во групата на ЕП, во која се уште Франција и Швајцарија.