Екипата на Магдебург трет пат по ред ја освои шампионската титула на Супер Глоуб, неофицијалното светско клупско првенство.
Магдебург за ривал во финалето го имаше тимот на Фуксе Берлин и успеа да го совлада после продолженијата од по пет минути, триумфираше со 34:32.
Регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 29:29, додека на пауза беше 16:13 за „лисиците”.
Магдебург за освоеното прво место доби 400.000 долари, тимот на Фуксе Берлин заработи 200.000 долари, додека Барса ќе си замине со 150.000 долари.
Бронзениот медал им припадна на ракометарите на Барселона, кои го совладаа Келце со 33:30.
Петтото место го освои Ал Ахли, кој успеа да го надигра Ал Калеј со 35:34, а тимот на Ал Кувајт го освои седмото место, откако триумфираше над Ал Наџма со 29:24.
Ал Нур заврши на 9. позиција по триумфот над Сан Франциско од 29:24, додека на 11. позиција се пласираше Сан Фернандо по победата над Универзитет Квинсленд од 39:28.